Сандра Булок избра интересна тоалета за да се појави во шоуто.
Актерката Сандра Булок неодамна гостуваше во емисијата „Џими Кимел Лајв“ каде доаѓаат многу холивудски ѕвезди.
Доаѓајќи во студио, таа е фотографирана во интересно виолетово издание.
Елегантната Сандра Булок
Сандра за таа пригода се одлучи за костум. Костумот во последно време го избираат многу познати личности, а без него ретко која ревија може да помине.
Она што е интересно за оделото на Сандра е тоа што е виолетово и изработено од кадифе. Ногавиците се сега традиционално широки, а сакото е подолго. Лежерниот, а воедно и елегантен крој одлично и прилега на актерката и ја истакнува нејзината витка линија.