Одлични љубовници, страсни партнери и секогаш подготвени да уживаат во сексот со вас! Припадниците на овие три хороскопски знаци се најдобри во кревет.
Доколку не сте родени во еден од овие три хороскопски знаци кои се најдобри партнери во сексот, тогаш би било идеално да запознаете, привлечете и да се заљубите во некој роден во еден од нив.
Скорпија
Ако веќе сте ја откриле магијата на една атрактивна Скорпија, нејзината магнетна привлечност и таинственост што возбудува, не се прашувајте ништо повеќе. Сигурно сте на пат да искусите такви страсти кои ќе остават трага во вашата еротска меморија. Слободно опуштете се и уживајте, без разлика дали сакате бавна и сензуална акција или брзи средби. Скорпијата ќе ви го пружи сето тоа и двајцата ќе доживеете големо задоволство.
Бик
Ако сте романтични и сакате вашата вечер да започне со вкусен оброк и добар пијалок и да заврши со нежна и страсна прегратка, Бикот ќе ги погоди сите ваши „слаби точки“. Нивната предигра може да трае колку сакате, па не е ни чудо што ги сметаат за уметници во заведувањето. Немаат непријатни изненадувања, грижливи се и многу внимателни, а што е најубаво во текот на врската стануваат се повозбудливи бидејќи се опуштаат.
Стрелец
Не само што се одлични во кревет, Стрелците се добри за секс во кујната, на подот и под туш. Мајстори на спонтаноста, спремни се да експериментираат за да ве доведат до врвот и нема да пропуштат никаква прилика за тоа. Тие понекогаш можат да бидат нетрпеливи или провокативно расположени, но тоа е предизвик кој треба да го прифатите. Нема да зажалите.