Ваков луксуз не сме виделе!
Деновиве Парис Хилтон е прилично возбудена бидејќи се ближи 11 ноември – денот на нејзината венчавка. А како ќе изгледа прославата на познатата наследничка на империјата Хилтон?
Како што може да претпоставите, работите се менуваат од час во час, па Париз неодамна, само една недела пред свадбата, ја промени локацијата. Веројатно тоа било ноќна мора за организаторите, но желбите на младенците се пред се.
Имено, излегува дека Парис сака венчавката да биде на имотот на нејзиниот покоен дедо Барон Хилтон во Бел Ер.
Во исто време, свадбата всушност ќе трае три дена, но засега не се знае каде се точно е, па гостите се малку збунети. За вториот ден како локација се споменува Санта Моника.
Невестата се уште се двоуми за венчаницата, со тоа што на големо се пишува дека всушност ќе ги има – 11.
Едноставно, и прилега на датумот на венчавката – 11 ноември, па зошто да нема толку многу фустани…
Првиот избор е креација на брендот Валентино, а во игра е и Оскар де Ла Рента.
Инаку, Парис и нејзиниот вереник Картер Реум се верија во февруари по една година врска.
Овој милионер, за кој се вели дека не го сака медиумското внимание, ја запроси Парис со прстен дизајниран од Жан Дусе, правнук на славниот Луј Картие.
Цената му е околу два милиони долари.
А ако прстенот чини толку, можеме само да замислиме колку ќе чини целата свадба.