Свечената премиера на новата сезона на серијата се одржа синоќа во њујоршкиот музеј за модерна уметност
После речиси една година чекање, продолжението на култната серија „Сексот и градот“ наречено „Јust like that“ конечно е достапно.
Свечената премиера на новата сезона на серијата се одржа синоќа во њујоршкиот музеј за модерна уметност.
Новото поглавје од серијата „Сексот и градот“ ги следи Кери, Миранда и Шарлот, кои од возбудливо патување низ комплицираната реалност на животот и пријателството во триесетите, зачекоруваат во уште покомплицираната реалност на животот и пријателството во педесетите.