Се појави нов трејлер за серијата „And Just Like That…“: „Сексот и градот“ во ново руво

popara1 декември, 20211min00
and-just-like-that...-830x0

Во трејлерот можеме да ги видиме главните ѕвезди на оваа реализација, Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс), Кристин Дејвис (Шарлот Јорк)

На платформата HBO Max само што не почна да се прикажува серијата „And Just Like That…“, нова верзија на „Сексот и градот“. Додека не почнат да се прикажуваат епизодите, објавен е трејлер за оваа реализација.

Во краткото видео можеме да видиме некои од ѕвездите на серијата, како Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс), Кристин Дејвис (Шарлот Јорк).

Приказната ги следи Њујорчанките во нивните 50-ти години, како и проблемите со кои се соочуваат сите жени на таа возраст. Она што секако не е променето е нивното пријателство, вкусот за мода и, претпоставуваме, љубовта кон космополитан.

Во трејлерот се гледа и Вили Гарсон, актерот кој го играше Стенфорд, а кој неодамна ненадејно почина.

Актерката Ким Катрал која ја толкуваше Саманта реши да не ја повтори улогата, но се знае што се случи со нејзиниот лик.

Погледнете го трејлерот:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma