Се редат критики на сметка на познатата пејачка: Дали е ова НАЈГРДИОТ ФУСТАН од црвениот тепих? (ФОТО)

popara23 ноември, 20211min00
9048f585698290a08c45db2cf0f64ae082e79736

Јавноста не престанува да зборува за модните комбинации од 22-та церемонија на латино Греми.

Церемонијата на Латино Греми се одржа оваа недела во ГМ Гранд Арената во Лас Вегас, а на неа присуствуваа бројни познати личности од светот на шоу-бизнисот.

Но, главното внимание го украдоа модните комбинации кои публиката досега немала можност да ги види.

Познатите личности како Мон Лаферте, Палома Мами, АлеМор и Галилео Монтихо беа прогласени за најлошо облечени ѕвезди на овој црвен тепих, а најмногу критики на социјалните мрежи доби колумбиската пејачка АлеМор.

Впечатливиот дводелен виолетов фустан беше украсен со голема златна пеперутка во пределот на градите, поради што публиката ја поистовети со лошо украсена елка.

Сепак, не само необичниот фустан предизвика критики, туку и изборот на чевли – пејачката носеше патики со висока платформа во златна боја со бели детали.

Публиката ретко имала можност да види ваква комбинација, а судејќи по насмевката која ја имала, пејачката АлеМор била презадоволна од нејзиниот избор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma