СЕ СРАМЕВ ЗАТОА ШТО НЕ УСПЕАВ Адел искрено за разводот и новата љубов!

popara12 ноември, 20211min00
Screenshot_4

Британската пејачка Адел проговорила за разводот, но и за бројните коментари за нејзиниот емотивен крах кои многу ја погодиле.

 

Обожавателите на пејачката го прифатиле разводот со голема радост, мислејќи дека пропаднатата љубов ќе биде инспирација за нов албум. Сепак, подоцна сфатила дека тоа и не е толку лошо, бидејќи разбрала дека тие само силно ги посакуваат нејзините песни.

 

“Но во реалноста, тоа не е нивна одговорност. Во реалноста, нивната одговорност како обожаватели е да сакаат добра плоча и да се надеваат дека ќе ја снимам. Па тие коментари ги зедов со прсотфат сол и се беше во ред”, рекла Адел.

 

Во врска со поранешниот сопруг, Адел вели дека никогаш не се чувствувала сталожена, среќна или целосно присутна, а тоа многу ја растажувало.

 

“Фактот дека толку многу луѓе кои не ме познаваат знаат дека не успеав, тоа ме уништи. Се срамев. Никој не ме посрамоти, но се чувствуваш како да не си успеал”, рекла пејачката.

 

Иако во еден момент ѝ се срушил целиот свет, Адел успеала да ја пронајде својата љубов, сегашното момче Рич Пол. Следбениците на Инстаграм и обожавателите на нејзиниот лик и дело ја откриле оваа врска пред Адел официјално да ја потврди.

“Не можев да им кажам на моите пријатели од почеток бидејќи сакав да го задржам тоа за себе”, заклучила Адел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma