„СЕ УНИШТИ, ИЗГЛЕДА КАКО ЏОКЕР ОД БЕТМЕН“: Шарлот од Сексот и градот е огорчена од коментарите за нејзиниот изглед

popara14 декември, 20211min00
1638885510060_tdy_pop_8a_kristin_davis_211207_1920x1080-20usl1

Актерката Кристин Дејвис, најпозната како Шарлот од Сексот и градот, беше огорчена од коментарите за нејзиниот изглед.

Минатата недела беше емитувано долгоочекуваното продолжение на серијата „Сексот и градот“, а коментарите и критиките се уште продолжуваат.

Најпрво разочараните фанови го споделија своето незадоволство од сосема поинаквиот концепт на серијата, потоа на ред беше изгледот на актерките, а најпогодена беше Кристин Дејвис која го толкува ликот на Шарлот Јорк.

Досега беше позната како една од ретките холивудски актерки која ја негува својата убавина и младешки изглед без помош на естетска хирургија, но се чини дека тоа се променило.

„Шарлот има ново лице“, „Што направила Шарлот со своето лице“, „Целосно го разбирам притисокот што го имаат жените да изгледаат на одреден начин и веројатно и самата ќе направам пластична операција, но Кристин изгледа како Џокерот од Бетмен“ „Секогаш кога ќе го покажат лицето на Кристин Дејвис, се прашувам колку платила за таква ужасна пластична операција. Порано беше природна убавица“, се само дел од многуте коментари со кои Кристин мора да се соочи.

Кристин Дејвис проговори за грдите коментари на сметка на нејзиниот изглед

Актерката призна дека многу и пречеле коментарите на гледачите за нејзината возраст и изглед во серијата што се емитува под називот ‘And Just Like That’.

Во интервју за Сандеј Тајмс, таа рече дека е изненадена од вниманието што таа и нејзините колешки Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон го добиле за новите епизоди и улоги кои првично ги играа во триесеттите години.

Иако нејзиниот лик во серијата има проблеми со стареењето бидејќи ја убедува Миранда да ја бојадиса косата, во реалниот живот Кристин Дејвис вели дека папараците се трудат максимално да ги фатат најлошите фотографии од 50-годишничките на сетот.

„Секој мисли дека може да коментира што сака и да пишува како му се допаѓа или не му се допаѓа нашата коса, нашите лица, што и да е… Стана толку интензивно што останав во шок. Лута сум, а не сакам да бидам, па престанав да ги читам коментарите“, изјави Кристин Дејвис за критиките што ги добила по премиерата, додавајќи:

„Секоја недела пишуваа за моето тело во облик на круша, но тоа дефинитивно не беше комплимент за мене во тоа време. Ме полуде бидејќи тогаш не можев да го спречам, а ни сега не е поинаку. Да бидам искрена, имам чувство дека на сите ќе им кажам: Еб*те се луѓе, направете подобро ако мислите дека можете“. Така се чувствувам. Проблемот е со социјалните мрежи бидејќи не знаете ништо за луѓето од другата страна. Тие се таму само за да фрлат „бомби“ што ќе ве повредат. И тоа ме лути“, искрена е актерката.

Во галеријата погледнете како изгледала актерката пред естетските операции и како изгледа сега.

kristin-davis-carrie-bradshaw-sex-and-the-city
sexandthecity-promoimage-11-27-18
ajlt_fake_scenes
Celebrity Sightings In New York City - July 23, 2021
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma