СЗО ПРЕДУПРЕДУВА Новиот сој на корона вирусот омикрон се шири низ целиот Свет, потврден во 77 земји

popara15 декември, 20211min00
Screenshot_2

Новиот вид на корона вирусот, омикрон се шири со невидена брзина во Светот, предупреди Светската здравствена организација, истакнувајќи дека случаи на овој сој се потврдени во 77 земји.

 

Сепак, генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција во вторникот рече дека омикрон веројатно е присутен во други земји каде што сè уште не е откриен.

 

Тој изрази загриженост дека се чини дека не се прави доволно за да се контролира овој вид, пренесува ВВС.

 

„Досега научивме да го потценуваме овој вирус. Иако омикрон предизвикува поблага клиничка слика, огромниот број случаи може повторно да ги надмине неподготвените здравствени системи“, предупреди Тедрос.

 

Тој ја повтори својата загриженост поради нееднаквата распределба на вакцините во богатите и сиромашните земји.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma