СИТЕ ГО ПАМЕТАТ КАКО „ЗЛОТО“ ОД ХАРИ ПОТЕР: Малфој денес ИЗГЛЕДА вака, нема да го ПРЕПОЗНАЕТЕ, ЛИЧИ НА СТАРЕЦ? (ФОТО)

popara22 декември, 20211min00
916273_tom-felton_ls

Нивните кариери се развија, нивната популарност е уште поголема, а еден од нив го привлекува вниманието на јавноста само поради својот изглед.

Пред точно 20 години беше премиерно прикажан првиот од серијата филмови за Хари Потер, а по тој повод беше снимен специјал за главните ликови од магичната сага, кој ќе биде прикажан на 31 декември на задоволство на цел свет.

Хари, Хермиона, Рон и Малфој секако се најпознатите актери од популарната франшиза за која постојано се зборува.

Нивните кариери се развија, нивната популарност е уште поголема, а еден од нив го привлекува вниманието на јавноста само поради својот изглед.

Малиот злобен Мајлфој, или, Том Фелтон денес, судејќи според коментарите на јавноста, изгледа како младолик дедо!

Фелтон веќе некое време изгледа постаро отколку што навистина е, а обожавателите често расправаат за тоа, обидувајќи се да откријат зошто. Некои сметаат дека причината е тоа што косата му се проретчува, други велат дека брчките на челото се виновни што изгледа како да наполнил 50 години.

Самиот Том зборуваше за тоа во неколку наврати, главно шегувајќи се на своја сметка.

Како што вели, луѓето ретко го препознаваат на улица, но не му пречи.

– Го добив најдоброто од се. Можам да се качам во метро, автобус, да го шетам кучето низ паркот без никој да ми пречи. Неодамна ја видов Ема Вотсон. Изгледа исто како пред 10 години и затоа не може да им побегне на папараците или на фановите. Често слушам како луѓето велат: „Еј, дали тоа беше, како се вика…“, изјави Том Фелтон за странските медиуми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma