Лакирањето на ноктите е една од омилените активности на секоја жена. Впрочем, уредните раце се одраз на хигиената
Пред се, за да бидат рацете здрави и убави, потребно е тие да бидат хидрирани. Кога ги лакирате ноктите, а претходно не сте се грижеле за кожата, вашите раце се суви и се лупат, па ќе изгледаат повеќе болно отколку убаво и негувано. Ова е особено важно во зима, кога рацете се изложени на студ и побрзо се сушат.
Негата на рацете е процес, а нивната хидратација мора да се одржува. Обидете се да користите препарати богати со шеа путер. Доколку ги грицкате ноктите, користете препарати со антиинфламаторни состојки, како што е овесното масло.
Покрај тоа, чистењето на ноктите е чекор кој дамите генерално го прескокнуваат. Неопходно е вашиот маникир да блесне во полн сјај, да ги отстрани нечистотиите и кутикулите, со помош на мали ножици и стапчиња за маникир. Поентата е јасна. Вашите нокти мора да бидат здрави и негувани за да бидат убави, лакирањето е само последниот чекор.