Сите тајни на убавината на МОНИКА БЕЛУЧИ: Таа е младолика, секси, нема операции и има 54 години!

popara23 декември, 20211min00
296_monika_f

Таа не е од оние пластични убавици. Нејзината убавина е природна. Актерката е целосно против сите видови пластични операции, но тоа не значи дека не води сметка за својот изглед. Но, како таа ја чува својата убавина? Еве ги нејзините тајни:

Ладен туш

Таа се тушира со ладна вода на почетокот на денот. На овој начин нејзината кожа ја одржува еластичноста и останува затегната. За лице користи термална вода и спреј за ревитализација.

Нега на лице и шминка

Моника многу добро се грижи за усните, не заборавајќи да ги навлажнува. Моника Белучи претпочита потемна шминка. Таа користи малку пудра, но акцентот го става на очите. Таа често додава малку сјај на усните и малку руменило и готово, нејзината шминка е подготвена! Згора на тоа, Моника Белучи признава дека е голем љубител на таканареченото „голо“ лице, односно природните убавици!

Тајната за здрава коса

Луксузната здрава, темна коса е визит-картата на Моника Белучи. Таа истакнува дека косата ја шампонира два пати на ден, но не повеќе од тоа. За време на миењето со шампон, обично го разредува шампонот со вода за да го намали алкалниот ефект.

Покрај честото миење на главата, Моника редовно прави и маска за коса: нанесува маслиново масло на коренот и го остава триесет до четириесет минути. фенот се користи како последно средство, па затоа претпочита природен начин на сушење на косата.

Тајната на совршените линии и исхраната

Моника е поддржувач на здрава и умерена исхрана, но не и рестриктивни диети. Кога се породила, Моника не практикувала диети за време на доење, само внесувала повеќе овошје и зеленчук и се фокусирала на посна риба. Таа често го контролира менито и ги следи советите на нутриционистите, а истакнува дека пие и поголеми количини вода.

Омилена активност на Моника Белучи е пливањето, таа плива околу 45 минути, 4 дена во неделата, а вежба и јога.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma