Совет злато вреден! Чешлајте ја косата на овој начин и нема да ја оштетите

popara23 ноември, 20211min00
Screenshot 2021-11-23 162640

Кога станува збор за косата, нема поубаво чувство од тоа кога можеме непречено да ја исчешламе со чешел, а таа да стане помека и помазна.

Во реалноста често е поинаку, па наидуваме на мали „јазли“ и оштетувања кои најчесто се јавуваат поради употреба на фен или хемикалии на косата. Сепак, дури и едноставна акција како што е чешлањето може да ви ја уништи косата доколку не внимавате.

Има толку многу различни мислења за најдобриот начин да ја чешлате косата – каква четка да користите, колку често, дали некои производи за нега на коса треба да се вклучат во чешлањето…

Во зависност од текстурата, некои тврдат дека одредени типови коса воопшто не треба да се чешлаат. Она што некогаш изгледаше како многу едноставен чекор во рутината за нега на коса, денес има многу неодговорени прашања.

Едно прашање особено ги подели мислењата, а тоа е: дали е лошо да се чешла косата додека е мокра?

Како и другите аспекти на негата на косата, така и овој зависи од типот на косата, односно текстурата. Косата е многу индивидуална, што значи дека она што функционира кај една личност нема нужно да функционира и кај друга.

За почеток, чешлањето е дизајнирано како процес кој ја подобрува состојбата на косата со отплеткување. Дерматолог вели дека правилното чешлање ја намалува можноста за пукање на влакната и создавање јазли.

За многумина, чешлањето мокра коса е дел од рутината на туширање, но сепак може да ја оштети косата, особено ако не е правилно исчешлана.

За луѓето со права коса, чешлањето мокра коса потенцијално може да предизвика поголема штета отколку чешлањето на сува коса.

– Треба да се има предвид дека косата е најчувствителна кога е влажна. Чешлањето во оваа состојба може да ја преоптовари и оштети косата. Косата е најсилна кога е сува – тврди дерматолог и додава дека секое грубо чешлање е лошо за косата, особено кога е мокра.

Спротивното правило важи за луѓето со виткана и брановидна коса. Секој што еднаш се обидел да исчешла сува коса, можел да види колку е погрешно и трауматично.

Дерматолог вели дека чешлањето на влажната кадрава коса ја намалува можноста да се скрши и да ги оштети фоликулите на косата.

– Не верувам дека чешлањето коса е секогаш потребно. Наместо тоа, треба да се фокусираме на тоа да не се заплеткува при миењето и нанесувањето регенератор – објаснува докторката и додава дека е добро да ја чешлате косата со прстите бидејќи тоа е понежен начин од користењето на чешел.

Науката се согласила дека за овие жени кои имаат права коса, попрактично и поздраво е да се чешлаат кога малку ќе ја исушат косата, додека на кадравите им се препорачува да се чешлаат кога косата им е влажна, поточно кога ќе го оставите регенераторот да отстои.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma