Додека спиеме и го одмараме нашето тело, нашиот мозок продолжува неуморно да работи. Преку живописните слики за кои сонуваме, нашата потсвест ни испраќа одредени пораки и го сигнализира вистинскиот пат по кој треба да се движиме. Меѓутоа, кога ќе се разбудиме, често сме збунети и изненадени од она што го сонувавме, не знаејќи дали пораката е добра или имаме причина за загриженост. Како ги толкуваме соништата? Со помош на симболи, пишува Sensa.
Летање – симболизира храброст, ослободување и позитивност
Ако сонувате дека летате, тоа значи дека сте способни да преземете храбри чекори во вашиот живот и да ризикувате. Исто така, може да значи дека чувствувате голем притисок од кој треба да се ослободите, да одлетате од проблемите и над нив. Обидете се да имате позитивен став и бидете храбри, полесно ќе се опуштите.
Мачка – Симболизира женственост, духовност и моќ
Мачките се многу моќен симбол. Ако сонувате за мачка, тоа значи дека треба да стапите во контакт со вашата женска страна на личноста или да воспоставите подлабок однос со жена во вашиот живот.
Коса – ја симболизира сексуалноста, статусот и слободата
Ако сонувате коса, вашиот сон најверојатно е поврзан со некоја физичка врска што ја имате и која треба да ја подобрите. Тоа може да значи и дека треба повеќе да работите на својата сексуалност. Косата е симбол и на желбата за поврзување со други луѓе. Ако сонувате дека имате долга коса, тоа значи дека копнеете по слобода.
Вода – Симболизира амбиција, ризик и флуидност
Ако сонувате вода, тоа може да значи дека потсвесно сакате да преземате повеќе ризици. Имате големи планови, па овој сон ви кажува да одите и да се обидете да ги исполните. Од друга страна, водата може да значи и дека сакате едноставен и мирен живот.
Патување – Симболизира судбина и едноставност
Ако сонувате за патување, тоа значи дека треба да си го олесните животот. Фокусирајте се на она што навистина е важно во вашиот живот. Ако верувате во судбина, тогаш овој пат може да ве одведе до неверојатно место, затоа не двоумете се да ја искористите шансата бидејќи може да ве доведе до позитивна животна промена.