Правите сезонски овошни колачи, а сега е време на круши.
Состојки за кора:
250 гр брашно
100 гр мелени бадеми
1 јајце
80 гр шеќер
лажичка цимет во прав
лажица мед
рендана кора од половина лимон
150 гр путер
За фил:
1 кг круши
2 лажици сок од лимон
лажица мед
За шлаг:
3 белки
100 гр шеќер
Подготовка:
Измешајте ги брашното, бадемите, шеќерот и циметот. Направете вдлабнатина на средината од смесата и во неа ставете јајце, мед, путер, сол и изрендана кора од лимон. Замесете хомогено тесто, завиткајте во фолија и ставете го во фрижидер да отстои околу час и половина. Излупете ги крушите и исечкајте ги на ситни коцки, а потоа измешајте со лимоновиот сок за да не потемнат.
Расукајте го тестото на масата што претходно сте ја посипале со брашно и ставете го во кружен калап, со обрач што се вади. Тестото избоцкајте го со вилушка, наредете ги парчињата круши и прелијте со медот.
Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 40 минути. Во меѓувреме со миксер изматете ги белките и шеќерот, врз печениот колач премачкајте го шлагот и кратко печете на истата температура да добие убава боја (околу пет минути), потоа исклучете ја рерната и оставете го колачот внатре уште пет минути. Послужете откога ќе се излади.
Пријатно!