Најчести причините за слевање на секрет во белите дробови се синузитис и бронхитис. За да се поштедат белите дробови од дополнителни штетни ефекти, потребно е да се избегнуваат загушливи простории, чад од тутун, прашина и самото конзумирање цигари.
За генерално да ги смирите дишните патишта, многу е важно да избегнувате и ладни и газирани пијалоци кои само дополнително ќе го иритираат грлото и ќе доведат до несаканата кашлица.
Некои поголеми проблеми со белите дробови обично започнуваат со безопасна настинка која не може да се излечи. Многу луѓе на своја рака земаат разни препарати, додека можете да најдете и многу корисни растенија од природата кои можат многу да помогнат при овие проблеми.
Природно испарување
Првата и основна помош при ваквите здравствени проблеми е вдишување на пареа. Ако пареата се комбинира со некое есенцијално масло, патот до исчистените синуси е загарантиран. Освен што ги прочистуваат дишните патишта, етеричните масла на пареа имаат и антибактериско и антиалергиско дејство.
Првиот чекор е да го ставите лицето над пареата и да ја покриете главата со крпа или ткаенина. Вдишувајте ја пареата колку што е можно додека не се излади. Само треба да внимавате да не ставите повеќе масло од потребното, бидејќи во тој случај вдишувањето може да биде непријатно, ќе почувствувате непријатно пецкање во носот.
Едноставен рецепт за раствор за инхалација е да се растворат 10 гр сол во 100 мл зовриена вода. Друг начин на подготовка е да ставите половина главица лук, две капки етерично масло од чајно дрво и 3 капки етерично масло од еукалиптус во 4 дл зовриена вода. Можете да додадете и две до три капки масло од мајчина душица, рузмарин и лаванда.