Еве што да направите
Со само еден трик, вашите шишки можат да бидат совршени секој ден.
Дури и ако имате „послушна“ коса и фризура која е по најнова мода, лошо наместените шишки можат целосно да ја уништат. Секоја жена која имала шишки барем еднаш знае дека се мрсат многу побрзо од остатокот од косата. Затоа им е потребно речиси секојдневно миење.
Иако за тоа ни се потребни само неколку минути, мокрењето на косата во студените есенски и зимски денови, а потоа излегувањето надвор не е најдобро решение. Доколку се најдете во таква ситуација, сетете се на шампонот за суво миење на косата.
На шишките нанесете мала количина шампон, а потоа истријте ги со крпа. После тоа, само продувајте ги со фен и четка за фенирање. Ефектот ќе биде потполно ист како да сте ги измиле со вистински шампон, дури и подобар, шишките ќе добијат бујност и текстура.
Кога ќе го примените овој трик неколку пати, ќе ви стане рутина која нема да ви одземе повеќе од две-три минути.