ТАА МОЖЕШЕ ДЕНЕС ДА БИДЕ НА МЕСТОТО НА КЕЈТ МИДЛТОН: Го одбила принцот Вилијам иако цело лето се обидувал да ја освои!

popara1 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-01 003002

На обожавателите на кралското семејство денес би им било тешко да замислат дека не постојат како пар војвоткaта и војводата од Кембриџ. Вилијам и Кејт се во среќен брак од 2011 година и се горди родители на три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Меѓутоа, на почетокот на врската тие двајца беа само пар со подеми и падови, а иако на крајот љубовта ја крунисаа со брак, во еден момент раскинаа, а според Entertainment Time, токму тогаш британскиот принц се сретна со девојката која денес можеше да биде на местото на Кејт Мидлтон.

Kate Middleton

Имено, станува збор за аристократката Изабели Калторп која на паузата со денешниот сопруг толку многу го маѓепсала идниот британски крал што цело лето се обидувал да ја освои.

Isabella Calthorpe

Меѓутоа, денес 40-годишната манекенка и актерка, тогаш била само студентка со големи планови за иднината кои сметала дека никогаш нема да се случат доколку заврши со принцот. Токму поради ова, Изабела решила да го одбие Вилијам.

„Таа е име за себе и како таква и сака да биде позната на јавноста“, објасни експертот за кралското семејство Кејти Никол.

Набргу откако беше одбиен од атрактивната Изабел, Вилијам се смири со денешната сопруга, а набргу потоа врската ја крунисаа со брак.

Isabella Calthorpe

Меѓутоа, според споменатиот експерт за кралското семејство, денес една од најомилените членови на кралското семејство, Кејт Мидлтон, не можела да му прости на Вилијам за Изабела, па еден од условите за нивното смирување било тој никогаш повторно да не стапи во контакт со аристократката.

Принцот го послушал ова и денес петчленото семејство е среќно, но сепак, не можеме а да не се запрашаме како би изгледало кралското семејство денес доколку Изабела тогаш решила да му даде шанса на младиот принц.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma