Нејзината беспрекорна кожа, заносната коса и блескавиот тен дефинитивно ја прават Џесика Алба една од најубавите познати жени на денешницата.
Холивудската актерка и магнат на компанијата „Honest“ вели дека е прилично зафатена личност, па луѓето со право прашуваат како го постигнува својот беспрекорен изглед.
Оваа четириесетгодишна актерка освен што е успешна деловна жена, е и мајка на три деца, па нема сомнеж дека денот и е целосно исполнет.
Покрај тоа, поради бројните деловни обврски, актерката истакнува колку често е уморна и колку малку спие. Тогаш како нејзиното лице изгледа толку совршено?
Џесика Алба важи за една од оние жени чија возраст никогаш не можете да ја погодите. Секое појавување на оваа убавица на црвениот тепих е проследено со коментари за нејзината младешка убавина.
Актерката вели дека рутината за шминкање ја започнува со нанесување на хидратантна крема која ја меша со прајмер. Со помош на масажер за лице рамномерно го нанесува кремот, нагласувајќи дека токму на тој начин го подмладува лицето за десет години.
После тоа става пудра, покажувајќи го правилниот начин на кој тоа се прави, за да го постигне посакуваниот ефект.
Според неа, најдобро е да се користат тонови и бои кои се во склад со бојата на кожата на лицето.
Додавањето кармин, сјај за усни, сенки или маскара е сосема опционално, бидејќи Џесика истакнува дека е љубител на „без шминка“ изгледи.
Краткотрајниот процес на шминкање, кој мора да признаете, дава фантастични резултати, можете да го погледнете во видеото што следи.