ТЕНКИТЕ ВЕЃИ СЕ ПОВТОРНО ВО МОДА: Бела Хадид го разгоре трендот од 90-тите, а трендсетерките веќе ја копираат

popara17 декември, 20211min00
profimedia-0372592275

Сакале или не, оваа година многу ѕвезди се обидоа да го вратат трендот на тенки веѓи. Сите, од Ријана и Хејли Бибер до FKA Twigs, пробаа тенок изглед на веѓите, но никој не се истакна повеќе од Бела Хадид, чија последна објава на Инстаграм сугерира дека подлегнала на трендот на веѓите од 90-тите.

Тенките веѓи се присутни веќе некое време, а многумина се инспирирани од влијателни жени од минатото, како Марлен Дитрих, од златната ера на Холивуд, чиј изглед денес е се попопуларен преку обликот и дебелината на веѓите.

Инспирирана од супермоделите од 90-тите како Линда Евангелиста, Наоми Кембел и Кејт Мос, кои некогаш го носеа овој тренд, како нивен совршен наследник Бела Хадид присвои изглед кој е украсен од тенки веѓи.

  - Foto: Profimedia

Додека бушавите и густи веѓи сè уште се во мода на Инстаграм, тенките веѓи полека добиваат на популарност по долги години занемарување – и никој не е поконстантна трендсетерка од Бела Хадид. Бидејќи генерацијата Z е опседната со сите работи од 90-тите и 2000-тите, филмот, музиката и модата, ова можеби не е изненадување.

Сепак, некои се уште се скептични за враќањето на овој тренд, со оглед на тоа што беше потребно долго време да ги вратиме природните веѓи по сезоната на тенки и нацртани веѓи од 90-тите.

  - Instagram

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma