Кога сакаме да ослабеме, најчесто прво ќе ги елиминираме јаглехидратите, бидејќи „тие се најмногу масти“. Но дали е тоа вистина?
Факт е дека непријател број еден на идеалната фигура е шеќерот. Во денешно време го има насекаде, вклучително и преработената храна која, според здравиот разум, не треба да има шеќер.
Со децении слушаме дека за идеална фигура прв потег треба да биде исфрлање на тестото, оризот, лебот и сличните намирници од исхраната.
Сепак, д-р Шерон Моалем, генетичар од Канада, вели дека тоа не мора да е точно.
Има луѓе кои навистина можат да јадат јаглехидрати во поголеми количини без последици во вид на вишок килограми бидејќи нивното тело побрзо ги обработува и ги претвора во енергија.
Доктор Моалем вели и дека постои едноставен трик кој открива дали сте во таа мала група на среќници.
ТЕСТ СО КРЕКЕР
Како што објаснува таа, овој тест покажува колку јаглехидрати можете да изедете без последици.
Принципот е едноставен – џвакајте го крекерот додека не го промени вкусот од солен бисквит во сладок вкус. Ако вкусот се промени за помалку од 30 секунди, вашето тело веројатно ги обработува јаглехидратите многу брзо и многу ефикасно.
Од друга страна, ако крекерот не го промени вкусот и по 30 секунди, тоа значи дека вашето тело не е најефикасно во преработката на јаглехидратите и дека најдобро е да се држите настрана од нив.
Ако забележите сладок вкус во првите 14 секунди, тогаш вашето тело многу ефикасно ги разградува јаглехидратите и можете да си дозволите да внесувате околу 250 грама јаглени хидрати дневно, што би било околу четири парчиња леб.
Ако ви требаат 15 до 30 секунди за да забележите промена во вкусот, дозволени ви се околу 175 грама јаглени хидрати дневно, а ако ви требаат повеќе од 30 секунди, намалете ги јаглехидратите – максимумот што можете да си го дозволите е 125 грама (три кришки леб ).