“Прекрасна си”,”Токио е најдобра”,” Најдобрата серија досега “, се само дел од коментарите на фановите
Актерката Урсула Корберо која го игра Токио во една од најпопуларните серии во светот „La casa de papel“ објави фотографии кои предизвикаа воодушевување кај обожавателите.
Имено, Токио позираше во тесен фустан со изрези на колковите, а повод за елегантното издание беше проштална вечер за проект кој и донесе светска слава.
-Ви благодарам на сите за минатата ноќ, вистински сон беше да се збогуваме со „La casa de papel“ онака како што заслужува – напиша актерката.
Оваа објава за два часа собра милион и пол лајкови, а по три часа надмина два милиони.
Следеа бројни коментари од воодушевените фанови.
„Преубава си“, „Токио е најдобра“, „Најдобрата серија досега“ …