Повеќето работи веќе ги имате во кујната
Жените ширум светот со векови се обидуваат да откријат еликсир кој ќе им помогне да го задржат младешкиот изглед и свежината на кожата.
Ова се дел од препаратите кои ги користат дамите од различни земји, а повеќето од нив веќе можете да ги најдете во вашата кујна.
Секако, некои совети треба да се прескокнат доколку сте алергични на некоја од овие намирници.
Кинеските жени користат чај
Сигурно сте забележале дека Кинезите секогаш имаат беспрекорна и затегната кожа. Нивната тајна е во комбинацијата на чаеви.
Зелените и белите чаеви што ги користат се богати со антиоксиданс епигалокатехин галат, кој го забрзува обновувањето на клетките и ја забавува појавата на брчки.
Се што ви треба се три лажички варен и процеден зелен и бел чај (или листови). Можете да им додадете и неколку капки лимон и мешајте додека не добиете маса која ќе можете да ја нанесете на лицето.
Оставете ја маската да делува 15 до 20 минути, а потоа исплакнете ја.
Индиските жени се потпираат на ѓумбирот
Чајот од ѓумбир освен што е вистинска бомба од есенцијални материи за зајакнување на имунитетот, одличен е и за кожата.
Кога ѓумбирот ќе се помеша со малку мед, тој делува противвоспалително. Исто така, активната состојка на ѓумбирот, џинџерол, го спречува уништувањето на колагенот, кој е одговорен за еластичноста и затегнатоста на кожата.
Пилинг за раце од Мексико
На вашите раце се појавуваат првите знаци на старост, а доколку некогаш сте гледале латиноамерикански серии, мора да признаете дека ви било тешко да одредите колку години имаат актерките.
Традиционален мексикански пилинг за раце, направен од шеќер и лимон. Шеќерот ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата, ќе ги избели флеките и ќе го изедначи тенот.
Покрај тоа, овој пилинг е богат со алфа-хидрокси киселина, која делува како антиоксиданс.
Измешајте две чаши шеќер, една шолја маслиново масло и пет лажички сок од лимон. Оставете го на кожата 5-10 минути и потоа исплакнете со млака вода. Вишокот можете да го ставите во тегла и да го користите по потреба.
Французинките се подмладуваат со екстракт од грозје
Екстрактот од семки од грозје го подига нивото на антиоксиданси во крвта, ја зачувува еластичноста на кожата и го стимулира производството на колаген.
Французите со години знаат за оваа тајна, доволни се само 100 милилитри екстракт дневно.
Сепак, луѓето алергични на грозје треба да го избегнуваат, а консултација со лекар пред употреба на овој препарат топло се препорачува.