Во денешно време стана најлесното нешто на светот да се направат брзи и вкусни десерти во микробранова печка. Потребни се само неколку минути за волшебни слатки, а ова е едно од нив.
Подгответе ги состојките, убаво соединете ги и уживајте во благото кое е готово за помалку од 90 секунди. Главниот трик лежи во домашното кафе, па направете малку поголема количина и уживајте во овој десерт со него.
Состојки:
3 лажици свежо мелено кафе
70 гр брашно
2 лажици какао
2 коцки чоколадо
5 лажици млеко
2 лажици масло
2 лажици шеќер
половина лажичка екстракт од ванила
четвртина лажичка прашок за пециво
прстофат сол
Подготовка:
Во голема шолја измешајте брашно, прашок за пециво, какао, шеќер, сол, млеко, масло, ванила и сварено кафе. Кога убаво ќе се соедини, притиснете две коцки чоколадо на средина (да се разлее убаво на крајот).
Ставете во микробранова печка да се пече на највисока температура, од 75 до 85 секунди.
Тортата во шолја за кафе е готова!