Отстранувањето на прашината од мебелот или телевизорот често е како да се бориме со ветерници – едвај можеме да ја отстраниме и брзо повторно се создава. Благодарение на едноставен трик, вашата крпа ќе биде поефикасна во чистење на нечистите површини
Сè што треба да направите е да натопите крпа за бришење прашина во вода (околу 0,5 литри) со додавање… неколку капки глицерин пред првата употреба. Благодарение на тоа, не само што побрзо и попрецизно ќе ја собирате прашината, туку таа нема да се крева во воздух и мебелот ќе остане подолго чист.
Потопувајте ја крпата во глицеринска вода приближно секоја трета употреба и по секое миење или плакнење.
Можете да купите глицерин, на пример, во аптека – 50 мл чини помалку од 40 денари. И вреди да се има, бидејќи ќе ви биде корисен не само во борбата против прашината.
Благодарение на него, на пример, огледалото во бањата ќе светне, а прозорците ќе останат чисти подолго (кога ги миете прозорците, додадете малку глицерин во водата).