Спектакуларниот и голем накит не е толку тежок за одржување
Накитот кој содржи дијаманти и други скапоцени камења бара посебна грижа.
Каде би пронашле подобар советник за одржување на ваков накит, ако не во Бакингемската палата, каде секојдневно се одржуваат круните, дијадемите и ланчињата на кралицата Елизабета?
Нема сомнеж дека британската кралица Елизабета Втора го покажува својот статус со ефектни и големи парчиња накит кои чинат вистинско богатство.
Накитот со скапоцени и полускапоцени камења привлекува внимание и често е првото нешто што некој ќе го забележи на вас кога ќе го носите во свечени пригоди.
Затоа не би било лошо да знаете како се одржува, за да блеснете во празничните ноќи исто како да сте кралица.
Долгогодишната кројачка на британската кралица Анџела Кели напиша книга за тоа како ја облекува кралицата, а добар дел од текстот е посветен на одржување на накитот на кралицата.
Во својата книга, авторката истакна дека кралицата Елизабета е голем љубител на добро скроена облека и убав накит и дека и е многу важно материјалот од кој се шие нејзината облека да биде квалитетен.
Се испостави дека одржувањето на скапите материјали и враќањето на нивниот сјај не е воопшто комплициран процес.
Кели вели дека дијамантите од накитот на кралицата се полираат со едноставна мешавина од вода и алкохолен пијалок – џин. Ако се појави дамка на накитот, сосема е во ред да користите и детергент за садови за да ја отстраните.
Потребно е само накитот да се истрие со влажна крпа и да се остави да се исуши.