Уморна сум од луѓе – Деми Ловато сака врска со вонземјанин

popara12 ноември, 20211min00
Screenshot_4

Пејачката Деми Ловато изјавила дека не би ѝ пречело да биде во врска со вонземјанин бидејќи и е доста од луѓе.

 

Таа неодамна изјави дека смета дека е непримерно вонземјаните да се нарекуваат вонземјани, а сега ги шокираше своите фанови со нова изјава.

 

„Да постоеше вонземјанин кој ги исполнува сите критериуми за најидеален партнер, дали би отишле на состанок со него?“, ја праша Беки Џи во видеото кое го објави на Фејсбук.

 

„Да, апсолутно. Толку сум уморна од луѓе! Донесете ми вонземјанин“, рече таа.

 

Потоа се пошегува дека искуството „мора да е надвор од овој свет“.

 

Поп-ѕвездата со години верува во вонземјани, а неодамна излезе и нејзиното ново шоу „Unidentified“, кое ја следи во потрагата по докази за постоењето на НЛО.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma