Дали некогаш сте пробале вака подготвени компири?
Кога немате идеја што да подготвите, компирот е секогаш тука како најисплатливо решение.
Овој пат ви предлагаме сочна варијанта со шунка и кашкавал.
Вака подготвениот компир е вистинска мамка за гурманите.
На крајот на краиштата, уверете се сами, не се знае дали има подобар вкус или изглед.
Состојки:
4 поголеми компири
100 гр шунка
50 гр сирење
100 гр кисела павлака
2-3 чешниња лук
малку магдонос
малку рендан кашкавал
3 јајца
малку масло
Подготовка:
Компирите сварете ги со кора, но не целосно за да не се преварат, извадете ги лушпите и исечете ги на половина. Издлабете ја средината во еден сад. Исечете ја шунката на коцки како и сирењето.
Јајцата се матат малку со жица, се додаваат пирето од компирите (средината која претходно ја извадивте), сечканата шунка и сирењето, издробениот лук, магдоносот…
Додадете ги павлаката и ренданиот кашкавал и соединете. Со лажица се полнат компирите со смесата.
Се пече на 220 степени околу 40-50 минути убаво да заруменат. Фантастична закуска или вечера.
Погледнете чекор по чекор инструкции за подготовка: