Чоколадниот куглоф е вистинска магија на вкусот… А поедноставен рецепт од овој тешко може да се најде!
За овој рецепт ви треба една иста чаша како мерка.
Состојки:
3 јајца
чаша млеко
чаша брашно
шолја какао
чаша шеќер
чаша кокосови трошки
250 гр кисела павлака
половина чаша масло
прашок за пециво
Подготовка:
Прво загрејте ја рерната на 180 степени.
Околу 5 минути со максимална брзина мешајте ги маслото, јајцата, шеќерот и павлаката, а потоа полека измешајте ги останатите состојки.
Истурете го тестото во подмачкан калап за куглоф и печете околу еден час. Посипете со растопено чоколадо, посипете со шеќер во прав или украсете со овошје.