Дамиано најмногу се истакна на сцената, па не е изненадување што фановите целосно „полудеа“ поради неговиот стајлинг
Згодниот италијански пејач Дамиано Давид, кој ги полуде девојките ширум светот по победата на Евровизија со бендот Манескин, ниту овој пат никого не остави рамнодушен.
Дамиано се појави со членовите на бендот на доделувањето на „MTV Europe Music Awards“, а за оваа прилика донесе предизвикувачки, но и оскуден стајлинг.
Италијанецот по кој лудуваат многу жени ширум светот, носеше кратка проѕирна блуза, така што му се гледаше стомакот, но долниот дел од стајлингот е потполно лудило.
Дамиано носеше кожени гаќички со трегери, мрежести чорапи и длабоки чизми со потпетици.
Целиот стајлинг го комплетираше со црни, кожени, ракавици и обетки, а како што веќе сме навикнати од него, имаше и шминка на лицето.
Остатокот од бендот Манескин имаше интересни комбинации на облека и сите беа нашминкани, но сепак најмногу се истакна Дамиано, па не е чудно што фановите беа целосно „луди“ поради неговиот стајлинг.
„Тој знае како да привлече внимание“, „Мене ми е привлечен и во халтери“, „Подобар фраер од сите “алфа мажјаци“, „Италија каква што ја сакаме!“ „Сите сме толку горди на тебе“, „Зошто таков стајлинг?“ „Неверојатно, може се да изнесе, браво, Дамиано“, се дел од коментарите.