Бен Озборн, директор на фармацевтската компанија Фајзер, вели дека најверојатно ќе ни требаат засилувачки дози на вакцината против Ковид-19 во наредните години, но сѐ уште не е познато дали тие ќе се применуваат на секои шест месеци или еднаш годишно.
Кога станува збор за сојот омикрон на коронавирусот, Озборн вели дека засега сè уште чекаме различни нови податоци за новиот сој на вирусот, не само од Физер и Бајонтек, туку и од владите и здравствените системи од целиот свет.
„Мислам дека веќе имаме основни податоци за вирусот, а сознанието за мутациите е добро документирано“, рече тој.
Сè уште треба да дознаеме за другите фактори – нивото на пренесување на новиот вид и дали тој ќе ја „исцеди“ делтата, тогаш треба да знаеме какво е влијанието на омикронот врз хоспитализацијата и потенцијалната смрт при тешка болест и трето, многу важно е да се открие колку е ефективна вакцината за овој вид“.
„Во следните недели ќе имаме повеќе информации за сите овие фактори, што ќе резултира со одлуки донесени од Фајзер, но и од владите на земјите ширум Светот“, вели Озборн.
„Можам да кажам дека сме подготвени. Ако ни треба нова вакцина, можеме да ја развиеме и произведеме во големи количини. Но, во меѓувреме, најважно е сите возрасни да ја примат бустер дозата за да постигнат основно ниво на имунитет“.
На прашањето до кога ќе им треба вакцинација на луѓето, тој одговори дека е „многу тешко да се предвиди на долг рок, имајќи предвид дека никој не може со сигурност да предвиди како ќе се развива вирусот во иднина“.
„Според досегашните научни сознанија, веројатно ќе ни требаат одредени нивоа на вакцинација на возрасната популација во наредните години. „За жал, не знаеме дали тоа ќе биде вакцинација на секои шест месеци или еднаш годишно, како што правиме во случајот со вакцинација против различни видови на грип“, рече Озборн.