Потопете ја омилената солена храна или направете го дел од забавна вечера со пилешко и бифтек!
Кога ќе го пробате кремастото фонду со чадено гауда сирење, веќе ништо нема да ви биде важно, ни сообраќајниот метеж, ни здодевниот шеф, сè ќе биде едноставно совршено!
Состојки:
2 чаши густа павлака
3 шолји сечкана чадена гауда
1 шолја сечкана гауда
1/4 лажичка црн пипер
1/2 векна француски леб
2 лажици маслиново масло
1/2 лажичка лук во прав и сол
Подготовка:
На средна температура се става густата павлака да се вари. Полека изматете го сечканиот кашкавал (околу 1/4 чаша) малку по малку. Мешајте додека целосно не се растопи пред да додадете повеќе. Кога ќе го додадете целото сирење, измешајте го и црниот пипер.
Францускиот леб исечете го на коцки и наредете го на плех. Се прелива со една лажица маслиново масло и се посипува со 1/4 лажичка сол и лук. Промешајте и повторете со преостанатото маслиново масло и лук и сол.
Печете на 200 степени, 3-5 минути. По 2 минути промешајте ги коцките леб.
Пријатно јадење!