Во последно време функцијата целосно ја презеде формата, па расте копнежот за малку сјај и славење – на нозете.
Во дваесеттите години на дваесеттиот век фустаните беа драстично скратени, а до израз дојдоа светкавите чевли. Реси, светки, сребро, злато и лак станаа нов стандард на обувки кој ги замени досегашните практични и незабележителни чевли, а токму овој дух го пренесуваат модерните чевли за забави.
Издвоивме 9 пара кои можат да се носат на фустани, но и смокинг и фармерки, а не мора да чекаат посебни прилики, бидејќи ни го подигнуваат расположението и држењето на телото за миг – дури и дома или во канцеларија..