Денеска веста дека актерката Кристен Стјуарт се верила го обиколи светот.
Имено, ѕвездата од сагата „Самрак“ гостуваше во емисијата „Хауард Стерн шоу“ и откри дека девојка ѝ, сценаристката Дилан Мајер, се свршила со неа по две години врска. „Ќе се венчаме, навистина ќе го направиме тоа. Сакав таа да ме запроси, па мислам дека тоа го кажав многу јасно и Дилан го направи тоа“, изјави таа.
Веста за свршувачката дојде речиси точно две години откако Стјуарт изјави дека едвај чека партнерот да ја запроси и тоа само по три месеци врска. „Сакам да бидам разумна во врска со тоа, но мислам дека добрите работи се случуваат брзо“, рече таа тогаш. Инаку, двете се запознале пред осум години, но повторно се здружиле во 2019 година на забава на заеднички пријател.
Инаку, актерката јавноста најмногу ја паметиме по улогата на Бела Свон во сагата „Самрак“. Тогаш го запознала актерот Роберт Патинсон со кој беше во врска од 2009 до 2012 година. Двојката брзо стана омилена холивудска сензација, но сето тоа пропадна кога актерката беше фотографирана од папараците со режисерот Руперт Сандерс, кој тогаш беше во брак, но и 19 години постар од Стјуарт.
Патисон и таа потоа раскинаа, повторно се вратија, но потоа се збогуваа во 2013 година за сите времиња. Тие фотографии од прељуба ја ставија на првото место на омразените јавни личности, особено затоа што сите мислеа дека таа и нејзиниот колега од сетот ќе стигнат до олтарот. Иако призна дека тој е нејзината прва и голема љубов, се чини дека за жал на многу фанови, таа беше осудена на пропаст.
После тоа почна повеќе да се гледа со жени, а на една од нив наскоро ќе го каже судбоносното „да“.
Во нашата галерија погледнете ги фотографиите на актерката и 19 години постариот режисер кои го обиколија светот во 2012 година.