Многумина се прашуваат која е тајната на нејзиниот сензационален изглед
Американската актерка Хали Бери (55) со децении важи за една од најатрактивните жени во светот, а сега уште еднаш докажа дека луѓето ширум планетата не се имуни на нејзиниот изглед.
Премиерата на филмот „Bruised“ е закажана, а актерката веќе напорно работи на промоција на својот најнов проект во кој глуми ММА борец, а актерката исто така го режираше филмот.
Таа гостуваше кај познатиот комичар Џими Кимел и според многумина – изгледаше совршено.
За гостувањето носеше црно-златен мини фустан кој го истакнува нејзиното впечатливо деколте. Својот струк го истакна со црн појас со златни детали, а целокупниот изглед го заокружи со едноставни сандали.
Многумина се прашуваат која е тајната на нејзиниот сензационален изглед. Хали не одговара на тоа прашање, но се знае дека многу вежба, се грижи за исхраната – и во широк лак ги избегнува естетските корекци