Американскиот актер Бредли Купер, при гостувањето во интернет-емисијата „Дакс Шепард“, проговори за тоа како бил нападнат со нож во метро во Њујорк.
-Ножот беше вперен кон мене! Беше прилично лудо. Тогаш сфатив дека сум премногу опуштен во градот. И мојот телохранител беше опуштен, вели Купер.
Тоа се случило во октомври 2019 година кога одел да ја земе својата ќерка Леа де Сејн од училиште. Глумецот почувствувал дека некој му приоѓа на крајот од вагонот на метрото и, иако на почетокот мислел дека непознатата личност сака да се фотографира со него, набрзо сфатил дека средбата не е пријателска.
-Се свртев, погледнав надолу и го видов ножот, се сеќава Купер.
-Погледнав нагоре, ја гледам личноста пред мене и се изненадив колку тој беше млад!, раскажува тој.
Купер имал слушалки, па не го чул човекот што го напаѓа. Му го соборил ножот со лактот и побегнал, а успеал да направи и две фотографии од напаѓачот коишто подоцна ѝ ги покажал на полицијата.
-Разговарам со нив, а службеничката постојано ме прашува дали сум прободен?, рече Купер, објаснувајќи дека луѓето кои се прободени со нож, честопати и не го сфаќаат тоа на почетокот бидејќи се во шок.
Глумецот не бил повреден и се вратил во метрото по ќерка си.
-Тоа беше лудо!, заклучува тој.