Близнаци, не грижете се, советува дневниот хороскоп.
Овен
Лошите односи во вашата работна средина стануваат неподносливи, па немате друг избор освен да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесни сте дека со заминувањето би ја искомплицирале и онака незавидната финансиска состојба.
Бик
Можни се проблеми во љубовните врски. Во минатото славевте мала победа со која на партнерот му дадовте до знаење каде припаѓа. Денес тоа доаѓа на наплата, а вашиот авторитет може да се разниша ако не го зауздате вашето его навреме.
Близнаци
Прекумерната фантазија може да ве доведе до искушение да верувате во брзи пари. Во ова може да ве турне разговор со личност која е во странство, а по темперамент многу личи на вас. Не се занесувајте со илузии, држете се до реалноста.
Рак
Ситуацијата на работа се менува, но вие останувате настрана. За вас тоа е поттик да ве обземат стравови и да се прашувате дали сте направиле нешто погрешно. Не грижете се, тоа што никој не ве прозива не е лош знак, напротив. Добро и е што никому не му пречите во моментов.
Лав
Не прифаќате туѓи мислења, дури и по цена да ги доведете вашите ставови во голема неволја. Во текот на попладневните часови ви доаѓаат важни вести кои можат значително да влијаат на исходот од вашите деловни планови. Надминете ја вашата суета, прифатете ги советите на соработниците.
Девица
Обврските бараат концентрација и целосна ментална посветеност. Фрустрирани сте од конфликтот помеѓу должноста кон другите и потребата да се задоволите себеси. Ако најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчевите, а со тоа и од непријатното чувство дека сте искористени.
Вага
Принудени сте да поминувате часови во круг на луѓе кои не ви ја покажуваат почитта што мислите дека ја заслужувате. Игнорирањето на нив не е злонамерно, тоа се луѓе чии интереси немаат контакт со вашите, па затоа не сте интересни ни да ве проценуваат.
Шкорпија
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па има големи шанси тоа добро да го искористите. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели, ќе треба да жртвувате нешто, а тоа најверојатно е нешто што е поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.
Стрелец
Имате можност да ја интензивирате работата на проекти кои долго време се обидувате да ги завршите. Тоа значи дека некое време ќе треба да работите две посебни, но подеднакво важни работи. Малку труд, на долг рок, носи успех.
Јарец
Не ви е јасно како успеавте да ја пропуштите понудата што неодамна ви избега. Ќе имате разговор на оваа тема во кој нема да ви биде удобно. Доколку сте спремни да поднесете критика и да понудите логично оправдување, шансата не е изгубена.
Водолија
Барате начин да ги оправдате причините поради кои се уште сте на местото од кое многу ваши соработници одамна заминаа. Напорот ќе биде награден, но поради преголемата желба нешто да се истера до крај, резултатот на крајот ви станува неважен.
Риби
Денес сте слаткоречии со сите. Вашето добро расположение е всушност маска за чувството на несигурност кое ве обзело. Потсвесно со вашите позитивни коментари сакате да ги мотивирате другите луѓе да возвратат исто. Ќе се разочарате.