Овен
Измислувате причини за вашето незадоволство. Можеби вашите планови биле премногу амбициозни, па делот од постигнатиот успех не го гледате како нешто позитивно. Ако не сте добиле сè, за вас е како да не сте добиле ништо. Не претерувајте.
Бик
Добивате поддршка од луѓето што најмалку ги очекувате. Парите со кои располагате не се доволни за се што сте имале намера да купите. Ситуацијата е непријатна, но оптимизмот не ве напушта. Решението ќе го видите ако добро се опуштите.
Близнаци
Порака од заборавен пријател од минатото ви го разубавува денот. Оставете го настрана сето она што сте го испланирале за денес и поминете часови во лежерно дружење. Таа личност на некој начин ги навестува промените кои ви доаѓаат во наредниот период.
Рак
Ви треба кратка пауза. Околностите кои се создаваат ви отвораат можност да избегате со пријателите на неколку дена. Движете се повеќе и не двоумете се, краткото закрепнување ќе ве зајакне, па лесно ќе ги надоместите пропуштените обврски.
Лав
Ви претстои стресен ден, па најдобро е да ги избегнувате сите ситуации во кои би биле во центарот на вниманието или на некој начин би ја преземале водечката улога. Доколку сте активен учесник во сообраќајот, бидете внимателни, особено во доцните вечерни часови.
Девица
Се обидувате да избегнете контакт со луѓе кои ве исцрпуваат. Сепак, бизнисот не препознава такво однесување, па ќе бидете принудени да трпите некои луѓе. Ќе се изненадите што можевте да пропуштите доколку не ги почитувавте и слушавте.
Вага
Ви се отвораат убави деловни можности. Претстојат преговори за можна соработка со странски земји, но и шанса за долго патување на кое ќе го подобрите бизнисот. Не дозволувајте оваа шанса да биде уништена од вашата моментална мрзеливост.
Шкорпија
Тешкотиите што ве мачеа во минатото се враќаат. Одржувајте оптимизам, паничите непотребно. Нема потреба да бегате, промените на работа ќе вдахнат мал оптимизам. Внимавајте на исхраната, имунитетот не ви е на завидно ниво.
Стрелец
Донесувате крај на многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Одредена одлука или судска пресуда ќе реши една заплетка, по што ќе влезете во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.
Јарец
Вниманието е насочено кон проблематичната ситуација што се случува во кругот на вашето семејство. Кулминацијата доаѓа во текот на попладневните часови бидејќи ќе има принудни промени, доколку дотогаш не ги спроведете доброволно.
Водолија
Свесни сте за вашата ароганција, но таа е посилна од вас. Самоконтролата е неопходна доколку сакате да избегнете конфликт со претпоставените, од кои дури и ќе бидете казнети. Не правете им го на другите луѓе тоа што не сакате некој да ви го прави.
Риба
Вие не сте личност која сака големи промени. Според тоа, не уживате ниту во излегувањето. Ако сакате да излезете од дома, тоа е затоа што на некој внатре во вас тоа не му се допаѓа. Затоа, не бегајте од семејството, туку обидете се да ги подобрите семејните односи.