Овен
Состојбата во областа на финансиите се стабилизира. Може да има прилив на пари од извори кои не сте ги очекувале. Доколку носите важна одлука, денот е вистинскиот за тоа. Сепак, избегнувајте да започнете голем проект бидејќи можете да го прецените вашиот капацитет.
Бик
Вашиот однос кон обврските изгледа премногу опуштено. Работете ја работата поодговорно и без непотребни разговори. Ретко кој знае дека вашиот хумор е, всушност, одбранбен механизам, бидејќи на друг начин не можете да ги скриете вашите стравови и напнатост.
Близнаци
Настанот на денот може да биде конструктивна дискусија во која ќе бидете вовлечени oд соработници за кои не сте знаеле дека се на ваша страна. Во исто време, поддршката доаѓа и од саканата личност, па на вашиот оптимизам и добро расположение им нема крај.
Рак
Имате впечаток дека со вашите одлуки управуваат други луѓе. Можеби вашите чувства не се целосно исправни, особено ако мислите дека вашата сакана личност ви се заканува. Ако го пронајдете вистинското решение, не е важно дали идејата била ваша или на некој друг, важно е да е вистинското.
Лав
Расположението расте. Свесни сте дека можете да сметате на големата поддршка од пријателите, бидејќи во изминатиот период со вашата посветеност и пожртвуваност тоа го заслуживте од нив. Ве очекуваат пријатни моменти и мало изненадување подготвено од партнерот.
Девица
Губите премногу време обидувајќи се да соберете група луѓе за да се вклучите околу заедничката цел. Проблемот не е во тоа што не сакаат да соработуваат со вас, туку пречката е што не сите на ист начин го гледаат она што ви е толку кристално јасно.
Вага
Време е да се вклучите во активностите на вашата социјална средина. Многу сте ценети, па ќе добиете официјални пофалби за целата ваша работа. Во текот на вечерта можете да очекувате добри вести кои значително ќе ви ја подигнат самодовербата, особено ако на повидок е љубовна авантура.
Шкорпија
Прифатете ја поканата на пријател и излезете. Заборавете на работата и обврските, неколку часа дружење ќе предизвикаат да се преродите. Доколку немате партнер, идеален момент е за ново познанство кое може да прерасне во интересна романса.
Стрелец
Денес сте изложени на ризик од повреда. Вистинската причина за ова е потиснатиот гнев кој може да ве доведе во ситуација вашата негрижа да превиди и да предизвика поголема штета. Покрај тоа, избегнувајте службеници, како и луѓе во униформи.
Јарец
Почнавте повеќе работи одеднаш. Иако сте способни за вакви авантури, денешните транзити не ви ветуваат дека ќе успеете. Подобро е да се реорганизирате и да се движите еден по еден, ќе чекате подолго до конечниот епилог, но ќе бидете посмирени.
Водолија
Се прашувате дали патот по кој одите е вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради незадоволство од работата, туку поради многу покомплицирани причини кои не можете сами да ги увидите. Не барајте причини кај другите, преиспитајте се себеси.
Риба
Ви се отвораат нови можности. Разговарате со пријателите за бизнис кој има врска со странство. Ова значи потреба да се патува до далечна дестинација. Реагирајте брзо, не дозволувајте двоумењето да ја уништи ваквата ретка можност.