Овен
Можеби изгледа како примамлива идеја да се вратите во љубовна врска со личност со која истото во минатото завршило на непријатен начин. Пред да подлегнете на искушението, погрижете се вашата потреба да не потекнува од чиста досада.
Бик
Постои шанса да ви се оствари желбата за промена на работата. Мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, тогаш влегувате во нов живот, по кој нема враќање на стариот. Тоа не значи дека ве чека нешто лошо, туку дека мора да бидете подготвени на се.
Близнаци
Оптоварени сте со грижи кои самите сте ги смислиле. Се обидувате да предвидите решение за проблемите кои се уште не се појавиле. Вашето однесување може да ви наштети ако не започнете навреме и не ја одделите реалноста од она што сте го измислиле.
Рак
Вашата самодоверба и арогантен однос полека почнуваат да ја иритираат околината која веќе некое време има значително трпение за сите. Доколку не го поправите своето однесување, може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве натера да се засрамите.
Лав
Бавни сте и поспани. Ова не мора да ве загрижува бидејќи не се работи за некоја болест, туку за минлив замор кој е резултат на претходното динамично темпо што ве стигна. Најдете време да го посветите денот на себе и на вашите лични потреби.
Девица
Пад на енергија и промени во расположението. Тоа е она што ве мачи денес. Непријатната атмосфера ја сфаќате премногу лично, имате впечаток дека сите заговарале против вас. Обидете се да гледате на работите на реален начин, можеби вашите очекувања се преценети.
Вага
Некаква нелагодност ви се навлекла во умот, не можете да сфатите што ве мачи. Напнатоста ви оневозможува да ја видите ситуацијата во реалноста, па затоа најдобро е да ги избркате тешките мисли и да го поминете денот со пријателите, забавувајќи се во дружење и разговор.
Шкорпија
Можни се потези кои од корен ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку излезот го гледате во големите заеми во готовина, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе се изненадите од неповолни детали кои не сте ги забележале на време.
Стрелец
Односот со саканата личност не оди онака како што би сакале. Можеби таа изминатиов период малку ве разгалела, па сте влегле во улога на жртва на која без свесна намера ѝ се дозволува се. Од друга страна, таквата атмосфера знае да биде досадна, а кога ќе го сфатите тоа, ќе биде предоцна.
Јарец
Ви претстои позитивна промена на љубовен план. Ситуацијата се подобрува. Поради интензивните деловни обврски, слободното време ќе го поминувате работејќи, па оваа разделба од партнерот ќе донесе поттик за наредниот период.
Водолија
Полни сте со себе, па со задоволство се подготвувате за вечерашните активности. Склоноста кон љубовни авантури може да ве вовлече во врска од која тешко ќе се извлечете. Ако сакате да избегнете скандали, контролирајте се и не подлегнувајте на искушенија.
Риба
На почетокот нешто не ви се допадна, а потоа кога работите тргнаа како што сакавте, изгубивте интерес. Се соочувате со луѓе кои не го разбираат вашето променливо расположение, не знаат како да ве задоволат. Бидете фер и почитувајте ги туѓите желби.