ХОРОСКОП ЗА 23-ТИ ДЕКЕМВРИ: Водолиите не треба да мешаат емоции и работа, а Девицата ја превзема вината на себе

popara23 декември, 20211min00
d83eaec0a90c02b1a593c92d8ba0d4c19f529872

Овен

Вашата преосетливост, денес, доаѓа до израз. Вие сте оптоварени со туѓи мислења додека, во исто време, работите по своја дискреција. Крајно време е да одлучите, или ќе играте онака како што играат другите, или ќе замижувате пред она што го зборуваат другите луѓе.

Бик

Вашата самодоверба и арогантен однос полека почнуваат да ја иритираат околината која веќе некое време има значително трпение за сите. Доколку не го поправите своето однесување, може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве натера да се засрамите.

Близнаци

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во минатото. За жал, во исто време доаѓаат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Ви претстои напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

Рак

Се преправате дека не ја забележувате незаинтересираноста на вашата сакана. Мислите дека со игнорирање ќе го избегнете проблемот, а вистината е дека со прикривањето ја влошувате и онака напнатата ситуација. Разговарајте со неа наскоро и продолжете со добро расположение.

Лав

Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Главна тема се лагите или тишините, без разлика дали се ваши или на вашите најблиски. Неизвесноста за исходот може да предизвика голема непријатност што ќе ве натера да се чувствувате дури и болни. Надминете ги вашите стравови бидејќи кризата е привремена.

Девица

Плашејќи се да не ја разнишате привидната стабилност во врската, целата вина ја преземате на себе. Може да влезете во сериозен конфликт затоа што сте го прецениле вашето трпение. Промените во приватниот живот го нарушуваат и вашето секојдневие.

Вага

Имате многу планови и очекувате наскоро да лансирате некои од нив. За жал, денешните настани нема да ви донесат големи промени, освен што околностите ќе ве натераат да размислите дали патот кој сте го испланирале е најповолен за некој како вас.

Шкорпија

Денот носи голема шанса да ги реализирате плановите од кои сте се откажале. Добивките се сигурни, а дел од вложените пари откако веќе сте се откажале може да ви бидат вратени. Пред да ги вложите тие пари во нешто, направете добра пресметка.

Стрелец

Имате многу обврски пред вас. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, а всушност ништо посебно нема да се случи. Илузијата дека сте преоптоварени доаѓа од ситост, па итно ви треба или промена на работното место или кратка пауза.

Јарец

Целото ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во кругот на вашето семејство. Кулминацијата може да се случи денеска, бидејќи аспектите на небото најавуваат моментални и принудни промени. Не бегајте од проблемите, решително тргнете по промени.

Водолија

Сите очи се вперени во вас. Опкружени сте со луѓе чија судбина, на некој начин, зависи од потезите што треба да ги направите. Непријатното е што сте свесни дека не можете да поштедите некои луѓе иако не го заслужуваат тоа. Не мешајте ги емоциите и работата.

Риба

Иако чувствувате по кој пат треба да оди вашиот понатамошен професионален развој, сепак се двоумите. Ако прифатите каква било понуда во овој момент, дури и ако таа не е примамлива на прв поглед, на долг рок, ќе видите значителна промена, особено на финансиски план.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma