ХОРОСКОП ЗА 4-ТИ ДЕКЕМВРИ: Два знака очекуваат големо изненадување во љубовта, време е за нешто повеќе!

popara4 декември, 20211min00
0f54d6256fda718dbe582e36a627f4d7a1869efd

Овен

Доколку имате можност да потпишете некои документи, бидете внимателни бидејќи може да ви се поткрадне грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашето променливо расположение може да го збуни партнерот и да го натера да помисли дека повеќе не го сакате.

Бик

Се трудите да се претставите посериозно и зрело отколку што навистина сте. Не ги нагласувајте туѓите ставови затоа што тие не потекнуваат од вас, па нема да можете да ги докажете. Држете се до вашето мислење бидејќи секогаш можете да го браните, дури и кога грешите.

Близнаци

Ве очекува важна лекција во која треба да го надминете вашиот песимизам кој е една од вашите особини која често делува против вас. Верувате во вашите интелектуални моќи, но мора да бидете и свесни дека е нереално секогаш да сте во право.

Рак

Време е за реорганизација. Чистењето и дома и на работа ќе создаде средина за реализација на многу деловни проекти. Но, ако за момент се отсечете од сите професионални активности, ќе сфатите дека не сте центарот на светот.

Лав

Поволен ден да му претставите на семејството се што ви е блиску. Имате шанса да имате конструктивен разговор од кој ќе дознаете детали за кои не сте сонувале. Ова се работи кои беа толку очигледни, но сеуште не сте ги сфатиле.

Девица

Ви се допаѓа блискоста на личност која ве инспирира на посебен начин. Вистинско време е да преземете конкретни чекори и да го претворите факултативното запознавање во нешто подлабоко. Ако ги реализирате своите идеи, тоа може да значи почеток на убава љубовна врска.

Вага

Неповолни деловни вести доаѓаат од пријател или долгогодишен соработник кој е во странство. До крајот на денот ќе сфатите дека не е толку црно како што изгледаше на прв поглед. Очекувајте пријатно изненадување во љубовта.

Шкорпија

Планирајте го вашиот ден внимателно и ќе имате можност да изградите нова деловна стратегија која ќе ви донесе долгорочни резултати на кои ќе бидете многу горди. Фокусирајте се на работата, а љубовта и семејните односи оставете ги настрана.

Стрелец

Доколку се најдете во ситуација да купите нешто големо или да потпишете некои многу важни хартии од вредност, бидете внимателни бидејќи не е добар момент. Може да направите грешка која подоцна нема да можете да ја поправите.

Јарец

Додека се справувате со неважни проблеми, ви бегаат големите работи. Фокусирани сте на заплетките во работното опкружување, па нема начин да го видите одблиску. Тоа што се случува денес е неважно во однос на она што следува. Чувајте ги силите за наредните денови.

Водолија

Иако многу добро знаете што сакате, а имате и разработени планови, не е добро време за големи потфати. Одложете ги сите видови инвестиции како и деловните одлуки, склони сте на грешки. Зајакнете го вашиот имунитет бидејќи сте изложени на ризик од вирусна инфекција.

Риба

Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Далеку сте со мислите бидејќи однапред планирате активности чија реализација е сеуште далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со сонување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma