Маслинките потекнуваат од источниот дел на Средоземното Море, но сега се широко распространети низ Медитеранот, како и во други земји и континенти.
Маслиновото дрво е трнливо. Може да достигне висина од 12 метри. Листовите се сиво-зелени, влакнести одвнатре. Цветовите се жолтеникаво бели и миризливи.
Маслиновото масло е лековито
Ја регулира столицата, помага во излачувањето на камењата во жолчката и служи како основа за производство на масти против кожни болести. Го спречува дејството на разни бактерии. На децата кои боледуваат од рахитис им се дава една лажичка масло после јадење.
Чајот од маслинов лист помага против висок крвен притисок
Сварете 20 листови во 3 дл вода, додека не зовријат до 2 дл, па процедете и засладете со мед. Се пие наутро и навечер пред јадење. Помага во проширување на крвните садови.
Против жолчни камења и песок и проблеми со црниот дроб земете 200 грама маслиново масло измешано со 0,5 гр. ментол и жолчка од јајце. Оваа смеса се дели на три дела и се пие неколку часа. По маслото испијте црно кафе.
Листовите и кората од маслинки се варат како чај против тембература и треска. Во 1 литар вино се оставаат 50 гр листови и кора 3 дена, по што се пие 1 чаша вино 3 до 4 дена.