Актерката чувствува дека ги изневерила своите обожаватели
Откако во јавноста се појавија обвинувања за сексуален напад на сметка на Крис Нот, неговата партнерка од серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, стравува дека тоа негативно ќе се одрази на целата екипа од серијата „ And Just Like That “.
Според извор близок до актерката, целата приказна за нејзиниот колега ѝ била тешка, а поради некоја причина се чувствува како ги да разочарала и изневерила сите, пишува „Us Weekly“.
Во пресрет на Божиќ, „ The Hollywood Reporter “ објави приказни за две жени, кои под псевдонимите Зои и Лили јавно го обвинија Нот дека сексуално ги злоставувал, но тој сето тоа го демантираше.
– Таа е заштитнички настроена кон Кери Бредшо и е лута затоа што таа, но и сите останати во серијата, е доведена на оваа позиција. Не се работи за парите, туку за она што го направи Кери. Кери отсекогаш сакала да им помага на другите жени, а сега, додека требала да се грижи за нив, жените откриле дека се повредени. Сара Џесика Паркер многу сериозно ја сфаќа улогата на Кери Бредшо и нејзините моќи, а со голема моќ доаѓа и огромна одговорност, иако добро знае дека сето тоа нема врска со неа, но со него, сепак чувствува дека изневерила се. – рече изворот.