Италијанскиот популарен рок бенд ја прослави победата на Евровизија и ја освои цела Европа. За да го „освојат“ целиот свет, Манескин решија да отпатуваат на турнеја во САД.
Во последните денови тие патуваат низ САД, патуваат низ градовите и се подготвуваат за голема свирка како предгрупа на Ролинг Стоунс.
Меѓу другото, тие настапија во планетарно популарното шоу на Елен и го изведоа актуелниот хит ‘Beggin’.
Фронтменот на групата, 22-годишниот Дамијано Дејвид, се појави на сцената во комбинезон со светки, а фановите коментираа дека тој се однесувал многу необично на сцената.
„Изгледа целосно исцрпено, што е со него“, „Изгледа му снема енергија“, „Никогаш не сум го видел Дамијано толку исцрпен, се надевам дека е добро“, се само дел од коментарите под видеото.
Дамијано и остатокот од бендот редовно објавуваат фотографии на Инстаграм и може да се заклучи дека добро се забавуваат.
Да потсетиме, италијанската група Манескин победи на последниот Евросонг, тие беа фаворити од самиот почеток и внесоа примеси на глам рок на сцената. Станува збор за група млади музичари од Рим кои се познаваат уште од средно училиште, а своето патување го започнале свирејќи по улиците на италијанските градови.
Италијанската поширока јавност ги запозна во 2017 година по настапот во „X Factor“ по што започна нивниот брз подем. Иако учествуваа на многу мејнстрим шоуа и фестивали, останаа верни на својот необичен и алтернативен звук, па во 2018 година го издадоа концептниот албум „Il ballo della vita“ кој достигна тројно платинести тиражи во Италија.