Широките панталони со светки повторно се во тренд: 3 модели кои ќе доминираат оваа сезона

popara20 декември, 20211min00
devojka-moda-sljokice-kapa-cizme-stikle-830x0

Штрасот и светките се неизбежни за време на празничната сезона, а вие одлучете до кој степен ќе заблескате

Новата година доаѓа наскоро, а покрај важните животни промени кои ги планираме за следните 12 месеци, често сакаме да го промениме имиџот, почнувајќи од косата и облеката.

Отфрламе сè во кое се чувствувавме заробени и пловиме во послободни води.

На радост на многумина, особено на оние носталгичните, светките и штрасот се вратија на голема врата, а полиците на продавниците се незамисливи без облека што светка.

Иако фустанот со светки е практично новогодишна класика, доколку сакате нешто поинаку оваа зима, одлучете се за панталони со штрас и светки и блеснете како холивудска ѕвезда.

  1. Златни светки и џемпер

Панталоните кои се инспирирани од кројот на тренерките нудат удобност, а воедно и елеганција. Токму тоа е моќта на светките, бидејќи тие ја прават секоја комбинација совршена и луксузна.

Добро знаете дека белата и златната одат одлично, затоа не плашете се да ги комбинирате, туку одберете ги вашите панталони со светки и покажете дека се секогаш во тренд.

  1. Деловен стајлинг

Кој вели дека облеката со светки е погодна само за вечерни излегувања? За да постигнете совршена рамнотежа, комбинирајте панталони со светки со обична бела кошула и подготвени сте за деловен состанок.

  1. Ѕвезда на новогодишната вечер

Ова е пример за совршен стајлинг за новогодишната ноќ. Елегантно, женствено и луксузно се зборовите кои ја опишуваат оваа комбинација со која нема грешка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma