Купувањето се смета за хоби за подобрување на расположението, особено за жените, но дали е навистина така?
Прекумерната потреба за купување, според психолозите, сепак може да прерасне во опсесивна потрага по нови работи за да се пополни емоционалната празнина. Купувањето нови чевли или нови алишта е најлесниот начин да ги замените лошите емоции.
Експертите тврдат дека „жртвите“ на шопингот најчесто се опишуваат како луѓе со недостаток на самодоверба, чувство на инфериорност и потреба од постојано докажување. Социолозите предупредуваат дека најважните центри за друштвени собири станаа трговските центри, а фактот дека луѓето трошат пари над нивните можности доволно говори колку оваа гласина за шопингот е сериозна.
Жените
Припадничките на понежниот пол долго време се сметаат за расипнички. Во нивната желба да му угодат на спротивниот пол, тие често знаат да претеруваат и да ги надминат своите можности. Главно трошат на козметика, разни третмани, масажи, фарби за коса и облека. За секоја жена стана нормално да има неколку пара чевли во плакарот за секоја пригода и во согласност со секоја комбинација од плакарот.
Мажите
Посилниот пол, во просек, поразумно се однесува со парите од жените. Меѓутоа, затоа мажите се слаби на најнова технологија. Тие се способни да потрошат многу пари доколку видат нов плазма телевизор, мобилен телефон или дигитална камера. Од страст за автомобили, тие не бегаат од вртоглави суми на кредити или лизинг.