Што ви кажува ДЛАНКАТА? Убаво погледнете ги „ЛИНИИТЕ НА СРЦЕТО“ и откријте ја вашата ЉУБОВНА СУДБИНА (ФОТО)

popara13 декември, 20211min00
83d491852d28cf60f0908f153a7e8ca852f4a2fc

„Линиите на срцето“ на дланките се спојуваат на три различни начини кога ќе ги ставите отворените дланки една до друга.

Ако внимателно ги погледнете дланките, ќе видите многу линии, а една од најважните е „линијата на срцето“, која уште се нарекува и „линија на љубовта“.

Поминува преку целата дланка, а може да биде подолга или пократка.

Ако ги ставите дланките една до друга, ќе видите дека се спојуваат на три различни начини, а според хиромантијата има различни толкувања на љубовната судбина.

Линијата на левата дланка е повисока

Често го поминуваат животот во самотија барајќи ја сродната душа. Не спаѓаат во групата на луѓе кои ќе останат во врска само за да не бидат сами. Површните врски не ги привлекуваат, тие ќе се сместат покрај вистинската личност. Ова е најретката комбинација, па доколку најдете личност на која на овој начин и се поврзуваат линиите на срцето, таа ќе ви биде верна и посветена.

Линијата на десната дланка е повисока

Не се вклопуваат во модерните трендови и сакаат да живеат по свои правила. Избираат постари партнери бидејќи само со нив успеваат да најдат заеднички јазик. Нивната интуиција е високо развиена и често се потпираат на неа кога донесуваат одлуки.

Линиите се на иста висина

Оваа позиција на љубовните линии покажува дека се работи за интелигентна и организирана личност која сака работите да се одвиваат според планот. Таа влегува во сериозна љубовна врска само кога е сигурна дека личноста е достојна за доверба и внимание. Сакаат стабилни и долги врски и подготвени се на се за вистинска љубов.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma