Турската актерка Берѓузар Корел, која ги освои симпатиите на домашната јавност поради улогата на Шехерзаде во серијата „1001 ноќ“, утрово се породи и на свет донесе девојче Лејла.
Интересно е тоа што актерката го смислила името за својата ќерка додека била бремена со второто дете, но потоа се испоставило дека ќе роди момче.
Според турските медиуми, родителите се уште не ја објавиле оваа прекрасна вест.
Актерката и нејзиниот партнер Халит Ергенч, кој исто така се прослави со улиозата на Сулејман Величествениот, се во брак од 2009 година, а покрај новородената Лејла, ги имаат и синовите Али и Хан. Интересно е и тоа што Корел за третата бременост дознала на снимањето на серијата „Knali Yayi“.
– Откако три години не бев на малите екрани, во неколкумесечните подготовки за улогата во серијата Кнали Јаји, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физички промени кои не се соодветни за мојот лик – напиша тогаш актерката на социјалните мрежи.