Беше гламурозно и во „Големото јаболко“
Филмот „House of Gucci“ имаше нова премиера. По Лондон и Милано, на ред дојде Њујорк. Премиерата се одржа во театарот Линколн, а на овој настан дојдоа многу ѕвезди.
Секако, филмската екипа предводена од Лејди Гага, Адам Драјвер, Џаред Лето, Селма Хаjек беше на чело… Таму беа и ветераните Џереми Ајронс, како и Ал Пачино.
На премиерата дојдоа и актерката Брук Шилдс, режисерот Ридли Скот, кои сите позираа на црвениот тепих.
Филмот „Gucci“ („House Of Gucci “) е за турбулентната модна династија на семејството Гучи и убиството на внукот на основачот на Гучи – Гучи Маурицио Гучи. Режија на одличниот Ридли Скот, а едвај го чекаме крајот на годината, кога ќе го гледаме овој филм во нашите кина!
Главните улоги во филмот ги играат Лејди Гага (Патриша Реџиано) и Адам Драјвер (Маурицио Гучи), а покрај нив се и Ал Пачино, Џереми Ајронс, Џаред Лето, Салма Хајек и Џек Хјустон.
Погледнете го трејлерот: